Сите ја знаеме поговорката: “Не судете за книгата според кориците”. Истото важи и за куќите, посебно за овој чуден, тесен дом во Јапонија!
Оваа куќа ја дизајнираше атељето Mizuishi Architects, со 56 квадратни метри, изградена на триаголно земјиште кое се наоѓа помеѓу патот и реката. Од надвор изгледа минијатурно, но затоа од внатре е пространа и удобна.
Триаголната куќа има два ката: спалната соба е на првиот кат, кујната и дневната се на вториот, плус мала просторија на мезанинот за забава, до која се доаѓа по скалите. Сите sидови се со бела боја, заради што и самиот дом изгледа поголем и посветол. Погледнете го овој интересен дом во нашата галерија!