Ако порано сте вежбале дома, тогаш сигурно знаете дека вашата дневна соба е подобра опција од машините полни со вируси, бактерии и загаден воздух одејки до теретаната. Во продолжение ви предагаме 9 причини зошто вашиот дом е подобра опција од теретаната…
1. Никогаш не мора да се соочите со студот
Во вашиот дом е топло и пријатно – “теретаната ‘ е на два метри пред вас.
2. Програмот во теретаната не мора да го диктира вашиот ден
Теретаната има стриктно време – дури во 17 часот почнува аеробикот? Затоа дома инструкторот од програмот за вежбање вика на цел глас “Let’s GOOOO!”
3. Не ви е важно како изгледате
Тренерки во точки и маица во цветчиња? не сте исчешлани? зар е тоа важно? Не.
4. Сите вируси околу вас се ваши
Како што е сега сезона на грип, не мора да се грижите за ликот кој се поти и трчи на лентата до вас. Наместо тоа, се капете во сопствената пот и се спремате после добро да исчистите.
5. Резулатите и храната се во просторијата до вас
Нема ништо полошо, отколку да морате да чекате саат време по тренинг на конкретен оброк, кој ќе ви ја врати силата и ќе ве опорави. За среќа, кујната е на два чекори…
6. Може да ги правите сите чудни фаци и звуци околу вас
Се грижите за звуците кои ги испуштате додека правите склекови? Без гајле, можете да викате колку сакате, ако така ви е полесно.
7. Станувате од кревет и право на вежбање
Нема подобра работа, буквално да станете од кревет и почнете со тренинг, пред утринското кафе да замириса.
8. Вашиот личен тренер и YouTube каналот ќе ви станат вашите нови пријатели
Кога ќе ви каже тренерот дека морате “диши длабоко” тоа и ќе го направите! Тренерите секогаш знаат што да кажат и како да ве потикнат и охрабрат.
9. Кога сте готови, можете да се фрлите на под и викате колку сакате
Било да се работи за половина час или еден час тренинг, кога ќе завршите, можете да си легнете на под и да бидете гласни колку сакате, па нели дома сте!