Како дел од овогодишното меѓународно доделување на наградата од студиото Rijksstudio, графичкиот дизајнер од Белорусија се претстави со – маски за спиење со очи од култните ремек-дела. Натпреварот е инициран од страна на Rijksmuseum во Амстердам, кој ги повика дизајнерите повторно да ги интерпретираат изложените уметнички дела и да ги вметнат во своите креации, било на полето на модата, фотографијата, графички дизајн или применета уметност.
Под името “Ремек-делата никогаш не спијат!”, проект на Leshа Limonov, кој е инспириран од идејата сликите да останат будни, дури и кога музеите се затворени ноќе. Маската за спиење е пакувана во картонска кутија, каде што делот со ремек-делото се гледа. Така ќе најдете дела на најпознатите уметници како што се автопортретот на Vincent van Gogh , некој од ликовите од “Ноќна стража” на Rembrandt и други…