Здрав леб од тиквици и чоколадо, засладен со мед! Ќе го снема од масата за миг!
Станува збор за вкусна ужина, а овој леб можете да го послужите и како совршен десерт на забави и вечери. Една и пол шоља изредана тиквица, го прави овој леб влажен и вкусен. Овој рецепт е идеален за децата кои ќе го обожуваат!
Состојки:
1 шоља полнозрнесто брашно
1/3 шољички обично брашно
1 ½ лажичка прашок за пециво
½ лажиче сода бикарбона
1 лажиче цимет
¼ лажиче мускатно оревче
¼ лажиче сол
2 јајца
½ шољичка масло од авокадо
½ шољичка мед
2 лажичичиња екстракт од ванила
1 ½ шољичка рендана тиквица (малите – sукини)
¾ шољичка чоколадни капки
Загрејте ја рерната на 180 степени. Измешајте го полозрнестото брашно, обичното брашно, прашокот за пециво, содата, циметот, мускатното оревче и солта во една здела. Изматете ги јајцата, маслото, медот и ванилата во голема здела. Измешајте ги тиквиците и создадете влажна смеса со момош на силиконската лопатка. Додадете ги чоколадните капки и мешајте додека сето се поврзе.
Распоредете го тестото во припремениот намачкан калуп. Печете додека лебот се крене над калупот, околу 50 -55 минути.
Потоа оставете го лебот 15 минути да се излади па извлечето го од калупот – лебот треба потполно да се излади на решетката пред сечење.
На здравје!