Една од најинтересните пролетни колекции е таа на Max&Co, кој ја обожува иконата на стилот и секогаш совршено дотераната Olivia Palermo, која е и заштито лице на овој бренд (пети пат).
За колекцијата пролет/лето 2017. Max&Co. се инспирираше од лежерниот калифорниски стил, од култните комбинации на облека на девојките во LA. Лесните материјали и светли тонови се стилот на Западната Обала, додека кројачките елементи додаваат префинета италијанска нота.
Новата колекција е составена од неформални парчиња, цветни мотиви и освежен пристап на ‘athleisure’ трендот, а палетата на бои го дава динамичниот и безгрижниот дух на коекцијата.