Wig Flower Vase е дело на дизајнерката Tanie da Cruz. Вазната е иронична и разиграна силуета на женска глава во облик на керамичка вазна, инспирирана од портретите на Amedeо Modigliani, италијански сликар за кој се смета дека би бил поуспешен од Picassо, да не се борел цел живот со пороците.
Оваа вазна ги провоцира цвеќарите со смисол за хумор и фризерите со смисол за декорација на цвеќе, правејќи оригинални и едноставни дизајни, а секој од нив ќе ве насмее.
Вазната е изработена од рачно глазирана керамика од големите семејства во северна Италија, кои се уште работат со страст и љубов!