Новиот паметен грамофон, кој ќе им овозможува на колекционерите на винил плочите да можат преку смартфони да ја пуштаат својата омилена музика, е во завршна фаза.
Дизајнерот Yves Béhar вети “интимност на винилот си модерната уметност”со помош на грамофонските игли, кои ги поврзува со Bluetooth и безжична мрежа, а тоа го контролира вашиот смартфон, односно вие самите. Овој скулптурален гаџет ја освојува човечката фантазија со својот необичен стил на репродуцирање на музиката – овој пат не се врти винил плочата, туку самиот гаџет.
Под името “Love”, гаџетот е направен од органски материјал кој е премачкан со сјајна црна боја, која потполно одговара со винил плочите.