Модниот бренд Liu Jo e бренд кој изработува модели за жени со рафиниран стил, гламур и динамика. Во новата кампања за пролет/лето 2017. Liu Jo продолжува да го слави есенскиот концепт #StrongTogether.
#StrongTogether е порака која е основана на силата на жената и вистинската способност да делува на промените. За брендот Liu Jo, жената претставува винстинска инспирација. Според Liu Jo, must-have дезен на сезоната е принтот Dalmatian spots кој e забавен и шик истовремено.
Женственоста истакната во мини фустан со овој принт, и дава доверба и гламур на секоја жена.
Шампањ е боја која најмногу ви треба за дневен изглед на чанта. Оваа чанта со ланец рачки е токму тоа што секоја жена си посакува.
Доколку сте во потрага по инспирација, Liu Jo ви сугестира основни парчиња, за да ја започнете неделата во многу женствен стил.
Розе бојата е една од тренд боите за пролет 2017. Овој прекрасен модел на чанта во сафиано принт, со златни детали е идеален моден аксесоар за романтично расположение.
Прекрасен розе фустан со отвор на грбот, кој на сензуален начин ја покажува заводливоста.
Следниве три модела “врескаат” од романтика и заводливост. Сметаме дека ова е врв на колекцијата.
Овие две софистицирани чанти кои што можат да соберат се што ви треба, се дамски чанти со стил.