По прв пат боја на Pantone е инспирација на Airbnb, кој одлучи да го претстави апартманот за престој во Лондон, опишан со тренд бојата за оваа година – “greenery”. Двата бренда одлучија со заеднички сили да го создадат “Outside in” престојувалиште во Clerkenwell, нудејќи им на гостите да заронат во космосот на “зеленило”. Апартманот кој можете да го резервирате има вистински шумски влез, затворен стакленик кој служи како трпезарија, спална соба во градина со искосена трева, шатор за деца, кујна со растенија и ботачичка градина.
Апартманот е препол со интерактивни искуства – гостите можат да ги слушнат звуците од прородата, да ги користат растенијата од sидовите, да пијат чај кој самите можат да го наберат, да одберат растенија и самите да направат терариј-вазни, па дури и да наберат лисја и самите да креираат дизајнерски графики.
“Pantone 15-0343 “greenery” е топла жолто-зелена нијанса, која зборува за желбата да се исклучиме од секојдневниот стресен начин на живот и да ги наполниме батериите”, изјавија од Pantone. ”