Atelier Versace ја претстави посебната линија lineup 17, од новата колекција за пролет/лето 2017. Новата сезона носи ултра гламурозни изгледи со голема доза на сексепил. Фокусирајќи се на темата метамофоза, дизјнерката Donatella Versace креираше тоалети и мини фустани со беженствена силуета.
Овие модели се движат од скулптурални парчиња со драматични детали, па се до романтични модели украсени со пердуви, волани, високи изрези, од реси до тантела. Колекцијата е декорирана со Swarovski кристали, заради кои дозата на гламур и луксуз се зголемува во целиот изглед.