Дизајнерската куќа Otis Jaxon од Лондон, неодамна ја објави новата линија на накит под “Ear Climbers”, попозната како накит од иднината.
Овие обетки се изработени од чисто сребро. Станува збор за едноставни, класични геометриски форми кои создаваат изнендувачка илузија, заради кое увото ви изгледа дупло бушено.
Секое парче накит е дизајнирано и рачно изработено од Otis Jaxon, мала фирма за накит со седиште во Chelsea, London.