Louis Vuitton ги развесели сите модерни џентлмени на Милано, отварајќи ја својата прва машка pop-up продавница – токму на време, за да ја прослават Модната недела во Милано. Во продавницата се наоѓа колекцијата за пролет/лето 2017. која ја креираше Kim Jones, а отворена ќе биде само од 14 до 29 јануари.
Колекцијата е инспирирана и дизајнирана од Африка, со влијание на punk- от. Инспирацијата посебно доаѓа до израз на тапетите, изборот на материјалот и мебелот во продавницата.
Во продавницата исто така се наоѓа и ready-to-wear колекцијата, модни додатоци, чевли, парчиња од кожа, линија на кофери и торби кои ја репрезентираат темата на колекцијата.