Во денешно време има голем број на продавници кои нудат здрава храна и навистина е тешко да одбереме што е најдобро за нашето тело – посебно во време кога секој ден дознаваме за нова диета, нов начин на исхрана и нови супер намирници.
Истражувањата на Cornell Food и Brand Laba, откриле дека правиме околу 200 прехрамбени одлуки дневно. За подобро да објаснат, Women’s Health неодамна разговараа со три различни нутиционистки и ги прашаа кои намирници ги јадат секој ден. Еве што одговорија:
Зобна каша
Најдобар доручек со многу можности – додадете млеко и путер од кикирики , свежо овошје, тиква или чоколада. Полна чинија со цели житарки, здрави масти и протеини, ќе ве заситат до ручекот. Ако барате додатни протеини, додадедте јајце.
Тврдо варени јајца
Тие се извор на нискокалорични, но квалитетни протеини кои ве заситуваат. За време на викендот сварете повеќе јајца – рапоредете ги по порции (2 до 3 јајца на ден) и консумирајте ги како додаток за доручек или меѓуоброк на работа.
Кефир
Кефирот е одлична, брза, квалитетна протеинска и со калциум богата алтернатива на млекото. Можете да го испиете за доручек или додека патувате кон работа. Тој е богат извор на пробиотици кои помагаат за одржување на микрофлората. Можете да го пиете чист или да го измиксирате со смрзнато овошје и спанаќ, и да си направите едноставно фрапе.