Њујорк е град кој го инспирира секој уметник, без разлика со каква уметност се занимава. Роман Тристрам е илустратор и графички дизајнер од Агадир, Мароко чии илустрации ви ги претставуваме во продолжение. Во нив, тој ги отсликува атмосферата и визуелните аспекти од улиците на Њујорк, и тоа мошне прецизно и реално. Во илустрациите веднаш се препознава специфичниот ритам на улиците на Големото јаболко.