Вера Калин е всушност, новото име кое осамна на македонската книжевна сцена минатата година со објавувањето на нејзиниот роман „Бездомникот со златен часовник“, каде се потпишува со своето име (Верче Карафилоска). Иако оттогаш не помина многу, Верче – односно Вера ја искусува следната фаза во својот книжевен пат така што го објавува својот втор роман, „Ловци на светулки“. Официјалната промоција се одржа во клуб Матица при крајот на 2016 година – а овој пат Вера не’ кани да ловиме светулки на Булеварот на книгите, денес во 18 часот!
Во склоп на книжевната акција “Книга со секој дом” од 20 до 31 јануари во книжарницата Матица, вечерва на агенда ја имаме Вера со потпишување на нејзините две книги, меѓу кои посебен акцент ѝ даваме на новата, „Ловци на светулки“, извонредна приказна. Во прилог, погледнете ги извадоците од книгата и се гледаме во Матица: