Што се случува кога македонски поет е еден од добитниците на престижната награди „Il Parnaso“ од Италија? Овој специфичен културен настан ги обединува поетите од светот, каде што самите организатори се пофалија со фактот дека најмногу поеми пристигнале од Германија, Франција, Куба, Аргентина, Словенија, Македонија, Египет, Ерменија и многу, многу други. Еден од десетте финалисти е и македонскиот поет Митко Гогов, чија поема „Брусни патеки“ е една од трите добитнички на гореспоменатата награда. И повторно прашањето, што се случува…
Вчера, Митко објави на својот facebook профил дека му е потребна финансиска помош за да може да оди да ја подигне наградата во Каникати, Сицилија во Италија. На огромно изненадување од македонската јавност, уметниците и вистинските луѓе уште вчеравечер повлекоа сметката на Митко да забележи активност. Доколку и Вие сакате да помогнете Митко да оди во Италија на 28 јануари, податоци околу уплаќањето следуваат во прилог:
Митко Гогов
ул. Крушевска Република 152
2400 Струмица
MITKO GOGOV
4324 8452 5941 2939
acc.No. 210501597108832
IBAN Code – MK07210501597108832
SWIFT – TUTNMK22
NLB Тутунска банка
Во пост скриптум, Митко додаде дека доколку се соберат повеќе средства од потребното, истите ќе ги пренасочи да помогне на некој друг. Истовремено се заблагодарува и вели „знам дека сме пример за заедница!“ – да докажеме дека навистина е во право!
За оние кои не знаат, Митко освен што е еден од најдобрите македонски поети, тој е страствен љубител на животот и уметничкото во него, тој е младински работник, концептуален уметник, блогер, наградуван автор на кратки приказни и еден од основачите и промоторите на „1000 поети за промена“. Неговите дела се широко познати и признаени од голем број организации и институции. „Il Parnaso“ е само потврда на се’ погоре изнесеното. Му честитаме на добиената награда и му посакуваме среќен пат во Италија!