Овој прекрасен микрo дом, може да биде приколка или камп куќа. Креиран е од американската фирма Tiny Heirloom, со прекрасни идеи. Едната надворешна страна на од оваа куќа, служи како sид за качување.
За да се искористи максимално внатрешниот простор, дрвената маса за јадење може да се спушти и така да се формира простор за спиење. “Во еден момент имате голема маса за 6 лица, а потоа со притискање на копче, масата се спушта и се создава пријатен простор за спиење”, кажаа од тимот на фирмата. На полукатот се наоѓа просторот за работа до кој можете да дојдете со скалите или качувајќи се по мебелот.