Познатиот њујоршки тренер David Kirsch неодамна ја лансираше својата диета која за многу кратко време го освои светот. Со нејзината примена може да ослабете 6кг и да го намалите обемот на својот струк за околу 15цм.
Диетата се дели на три фази и се темели на исхрана која е богата со протеини и јагленохидрати.
Прва фаза
Во првата фаза на оваа диета, исхраната се базира – конзумирање на многу овошје, лосос, печурки и ореви. Никако не смее да се конзумира алкохол, а исто така е забрането да се внесуваат секакви видови на млечни производи, вклучувајќи го тука и кафето.
Втора фаза
Втората фаза трае две недели, и наликува многу на првиот дел и начин на исхрана сем тоа, што сега ќе може да внесуваат оброци збогатени со јегленохидрати како што се на пример, сладок компир и секаков вид на овошје. Во оваа фаза дозволено е да се внесува од 900 до 1.000 калории дневно.
Трета фаза
Во третата и посладна фаза, постепено се додава храна која е забранета во првите две фази. Во текот на оваа фаза се препорачуваат и повеќе физички активности.
Исхраната богата со протеини во комбинација со физичка активност е одлична за согорување на масти. Со овој режим гарантирано е дека ќе изгубите килограми и ќе ги добиете посакуваните резутатати.