Со поглед на Pacific Bay, оваа фантастична резиденција се наоѓа во Perto Vallarti во Мексико. Дизајнирана е како оаза за одмор, оваа куќа ги има сите возможни погодности. Осум спални соби, фитнес центар, простор за домашно кино, две џакузи кади, тераса со базен, огниште со лежалки и бројни мулти-функционални простори за дружење внатре и надвор.
Прегледувајќи ја нашава галерија, ќе видите употреба на природен камен и бетонски sидови во целата куќа, кои не само што создаваат нов изглед на просторот, туку овозможуваат и пасивно ладење за време на жешките сезони. Зелените sидови и градината на кровот, помагаат при контрола на температурата и поврзување на животниот простор во својата природна средина.