Минимализмот и понатаму продолжува како еден од главните трендови во декорирањето на домот, па така едноставните и мали стилски идеи, стануваат долготрајно решение. Ако сте во потрага за совршен гардеробер во мал простор, кој што морате самите да го направите, ние ви нудиме 3 начина како да го креирате отворениот гардеробер – а воедно да претставува и декорација во спалната соба.
Забавен и функционален мебел 
Заборавете на ковенционалните плакари. Одредено парче мебел, нека ја игра дизајнерската улога. Набавете стари идустриски картотеки, стилски комоди или дрвена куќичка како на фотографијата. Важно е вие да уживате, гледајќи во него!
Сталаци за облека
Овие сталаци постанаа минималистички гардеробери. Многу е популарно и практично, кога облеката се реди по боја.
Sидни регали
Едноставните полици се лесни за инсталирање и можат во потполност да го надоградат изгледот во просторот. Можат да се комбинираат со сталак за облека и сето тоа добро да изгледа.