Студиото Atelier Veloso Architects, неодамна го задрши редизајнот на историски стан во Лисабон – Португалија. Станот се наоѓа на првиот кат во зграда со пет ката која датира од 1893 година, во која се сочувани историски детали како што се камените sидови и 3,5 метри високи столбови, украсени со гипсани украси.
Редизајнот на станот е прилагоден на современите животни потреби – инсталирани се нови апарати во кујната и со мали потешкотии, додадени се прозори со дрвени рамки.
Резултатот е фантастичен – високи прозори, стан со природна светлина и голем простор, во централниот дел на шарениот боемски град. Во дневниот простор има голема полица со книги која визуелно го надополнува масивното уредување на самиот простор, а истовремено го дели на два елегантни делови. Во белиот простор портокаловите неправилни облици се контраст на белата. Кујната претставува пријатно и удобно место за семејните собирања.