Chris Labrooy, неколку пати досега ја доведе реалноста во прашање со помош на своите надреалистички илустрации. Неодамна ја предизвика реалноста со патиките Nike “Air Presto Ultra Flyknit”, во малку поинаков облик. Британскиот дизајнер ја земал најпрепознатливата патика, формирајќи од неа облици и симболи на “emoji”, односно емотикони, на начин како љубовно срце меѓусебно врзано со пертли, сини усни кои го откриваат белиот ѓон, кловн, свиткани балони и разни животни.