Секоја година нашата коса и кожа суптилно се менуваат, а во одреден период одредени бои, повеќе не ни одговараат какао порано. За да го одржите младешкиот изглед, боите кои ги бирате мораат да комплементираат со вашиот сегашен изглед. Овие 4 бои докажано, го прават токму тоа – подмладуваат и со нив светите!
Тиркизна
Тиркизната е боја која го истакнува сјајот на секоја нијанса на кожа. Постојат многу нијанси на оваа боја кои се движат кон сината или зелената. Пронајдете ја совршената нијанса на тиркизната за вас.
Циклама розе
Заменете ја пастелната розе нијанса со бојата на цикламата. Познатите девојки ова го знаат и затоа ја бираат оваа боја за своите фустани или костими, а навистина во нив изгледаат младолико, одморно и свежо.
“Новата” црна
Црната, добро им стои на сите. Понекогаш онаа длабоката црна боја, изгледа премногу сериозно на понежните тонови на постара кожа. Заради неа борите и подочниците изгледаат потемни одошто се. Во такви случаеви, можете да ја замените со темна сива или темно сина боја.
Студена светло сина нијанса
Уште една боја која одговара на повеќето жени е светло сината со подтонови на виолетовата. Косата и кожата стануваат “постудени” со годините, а светло сините нијанси изгледаат прекрасно, без разлика на тоа каков е вашиот подтон на кожата.