Valentino resort 2017, ќе не згрее и однесе во потоплите предели. Италијанската модна куќа само што ја најави колекцијата за меѓу сезоната, која е полна со тропски изгледи и бројни светски влијанија. Saks Fifth Avenue, први ни дадоа вовед во новиот Valentino lookbook под името ‘Wanderlust’.
Од богати фустани со тантела па се до кошули со принтови и свилени јакни, овие парчиња наваистина зрачат со топлина и не повикуваат на патување во потоплите краеви. Сите изгледи се комбинирани со Rockstud сандали, кожни чизми и препознатливите Valentino торби.