Има нешто меланхолично и инспиративно во дождот, а тоа најдобро знаат да го претстават уметниците. Слики, фотографии, илустрации кога паѓа дожд, не тераат на размислување и будат емоции во нас. Токму сликарот Мајк Бар е авторот на сликите кои следат во продолжение. Тој замислува како би изгледале големите градови низ светот додека паѓа дожд и тие сцени ги преточува на платно. Резултатот е слики со реалистични урбани пејзажи.