Normless Architecture Studio и тимот на Workspace, ги позајмиа трендовите од скандинавскиот дизајн за уредување на модерниот дом од 45 метри квадратни. Така да во овој грчки стан, можат да се видат црни геометиски форми кои се појавуваат по мебелот и на уметничките декорации. Овој удобен простор има модерни елементи како што се геометриските маси, камениот sид со полиците, ТВ и каминот.
Трпезаријата од светло дрво нуди едноставен дизајн и лустери од хартија. Црниот квадратен прозор зад масата ви го привлекува вниманието, но истовремено го отвора станот кон минималистичката кујна и шанкот за доручек.
Дизајнерскиот тим одлучил со клизната врата да ја одвои спалната соба од модерното купатило, кое има интересни геометриски светилки. Детската соба се истакнува со меки пастелни бои и разигран мурал што го насликал грчки уметник.