Ова би можело да биде најдобрата вест која ќе ја прочитате денеска. Според неодамна објавеното истражување истакнато во часописот Body and Soul, консумирање на сладолед за време на доручек, може да ве направи попаметни.
Да, добро прочитавте – ако се одлучите за вашиот омилен десерт да биде првиот оброк наутро, би можеле да постигнете некои изненадувачки резултати. Професорот Yoshihiko Koga од универзитетот Kyorin во Tokiо, направил истражување во кое на половина испитаници им давал по три лажици сладолед секое утро, по пудењето. Другата помалку среќна половина, тоа не го правела. По доручекот, учесниците решавале ментални вежби, а научниците ги прателе нивните резултати. Се испоставило дека учесниците кои јаделе сладолед за доручек биле поопуштени, со подобра концентрација и завршиле врвни ментални задачи.
Иако би можеле да постојат и некои други фактори кои влијаеле на резултатот, ние секако навиваме за сладоледот!