Близначките Jayne и Kirsty Mills направија редизајн на стариот стан во Краков. Тие креираа семеен дом, преполн со природна светлина. Бледите бои, едноставниот мебел и безвременската столарија, создадоа минималистички ентериер во овој прекрасен стан.
Во дневниот престој, скалите и библиотеката од лакирана иверица го зафаќаат едниот sид. Сивиот кауч е во контраст со сенф жолтата фотеља и кружната зелена масичка, додека црно-белиот тепух се истакнува на дрвениот под со светла боја.