Дизајнерското студио Privacy Pop создаде нешто за кое сонуваат големи и малите, а се вика “The Bed Tent”. За што станува збор. Сега можете својот кревет да го претворите во шатор и да си креирате свое мало удобно гнездо, во кое можете да избегате од реалниот свет и проблемите.
Овој шатор не само што ја блокира светлината наутро која влегува низ прозорот, туку е и место кое пружа мир и интимност.