Кога зборуваме за експресијата на урбаната креација, желбата да се биде поразличен од другите, како и да додадеме наша, макар и малечка иницијатива во GoGreen револуцијата го бараме тимот AIM!
Главниот фокус на AIM е креативноста и дизајнот. Навистина е тешко да видите еден производ да наликува на некој друг. Преку своите ремек дела, овој бренд се стреми да ги поврзе купувачите со мали делчиња на природата, насочувајќи ја својата енергија посебно за оние кои се подготвени да излезат од монотонијата на секојдневното сивило.
Примарна цел на AIM тимот е употребата на исклучиво рециклирачки матријал. Главно се користат рециклирачки матријали од скејтборд даски, орев, бука, бамбус, јавор и црешово дрво. Секој производ е рачно изработен уникат, додека за очилата се користат поларизирани стакла според сите стандарди за UV – зрачење.
Првото рeмек дело на овој тим биле очила за сонце направени од скејтбордот на нивни пријател, наречени Скејтерко.
Доколку сакате да си порачате еден урбан уникат тоа можете да го направите на нивната Facebook страна или на нивниот Instagram. А, за да ја видите одблиску нивната работа можете да ги посетите на Новогодишниот Базар на улица Македонија од 24 до 31 Декември.
„На сите кои имаат креативна идеја , а сеуште не им е реализирана би им препорачале да не се плашат да се обидат да го превземат првиот чекор.Колку и да изгледа невозможно и застрашувачки , чуството дека вашата креација му причинува на некого задоволство е неописливо.“
AIM брендот немаше да биде она што е денес без помошта на луѓе кои покажаа успех во креирањето на своја бизнис идеја, како Димитар Атанасовски – основач на маркетин агенцијата ИДЕА ЛАБ и Петар Ниновски – основач на Brainster, кои несебично ги споделуваат своиде идеи и ја насочуваат оваа убава идеја кон потполната реализација.