Нашата омилена социјална мрежа Pinterest тукушто лансираше нешто, што го нарекоа “100 Report”, есенцијална листа на топ трендови кои најмногу ќе ги бараме, делиме и обожуваме во 2017 година. Ние одбравме 10 најдобри и тоа од различните подрачја на животот – здравје, фитнес, здрава храна,мода…..
Билки што висат..
Билките што висат се неодоливо привлечни и дефинитивно еден од водечките трендови во 2017 година. Секако, се подразбира да имате доволно природно светло во просторот.
NANGKA како алтернатива за месо
Оваа моќна намирница содржи витамини, минерали, фитонутруенти, влакна, добри маснотии и протеини (без тронка холестерол или сатурирани масти).
“Фенси дитокс” пијалоци кои може да ги направите дома
Сакате да пиете здрави пијалоци, но не по висока цена? Овие дитокс пијалоци е најлесно да ги направите дома.
“HYGGE” Концепт
Ја откривме тајната на среќата која се вика “hygge”. Станува збор за Данската филозофија за барањето на среќата, каде и да е.
Самовилски градини
Овие неодоливи минијатурни градини, прават совршен украс во домот, кој што и вашите најмлади членови ќе го обожуваат.
Странични стомачни мускули
Наголемо расте популарноста на вежбите за силни странични мускули.
Лечење со кристали
Лечење со природните елементи кои се наоѓаат околу нас, не е никаква новина. Но користењето на енергијата од кристалите, би можело да биде нешто што во идната година ќе го гледаме почесто од порано.
Ноќни масички
Со едноставен дизајн и рачно изработени, тоа е секогаш најдобрата идеја. Многу ни се допаѓаат!
Металик нокти
Иднината дојде и ние се заљубивме во неа – ви ги претставуваме металик ноктите со висок сјај. Одберете rose gold нијанса, доколку се чувствувате посебно авантуристички.
Брошеви и беџеви
Брошевите и беџевите станаа вистински моден тренд, посебно на тексасот. Колку повеќе, тоа подобро. Не морате да размислувате дали сте претерале со украсите или не.