Кратко и јасно: нѝ предстои уште една промоција на Петров, овој пат за новата книга Никој не рече дека ќе биде лесно, која ќе се одржи во среда, 14.12.2016, во 19 часот, во Дистрикт бар во хотелот „Мериот“ во Скопје.
Коста Петров овој пат ни раскажува необична приказна за љубовта и за вербата во животот. Чекор по чекор, нè води по патот кон остварување на нашите соништа. И нè потсетува дека никогаш не треба да се откажуваме.
Ќе продолжите ли да чекате верувајќи дека што е Ваше ќе си дојде?
Ќе дознаеме утре, во Дискрикт бар од 19 часот. Се гледаме таму!