Оваа година Финска, поточно Лапонија, стана апсолутна хит дестинација, независно од тоа дали сте едноставен турист или професионален фотограф – оваа зимска магија треба да се доживее барем еднаш во животот. Овој магичен дел на светот познат е како дом на Дедо Мраз и Аурора Бореалис (чудесна светлина), но Лапонија крие далеку повеќе зимска убавина која сигурно никогаш ја немамате видено.
Сем недопрените снежни пејсажи, sвездите никаде не се посјајни.
Лапонија (Lappland, Lappi, Sápmi, Sameland , Saamiland), е име за културниот регион кој традиционално е населен со Саами. Денес Лапонија административно е поделена меѓу две земји – северната провинција на Финска е со име Лапонија, а шведскиот дел го нарекуваат Lappland. Арктичките култивирани подрачја на Лапонија се на списокот од светското наследство на Европа. Според статистиките, во Лапонија живеат околу 70.000 припадници на Саами народот – околу 40.000 живеат во Норвешка, 20.000 во Шведска, 6.000 во Финска и 2.000 во Русија.
Во нашата галерија ќе најдете 10 причини зошто да се одлучите за патување во Лапонија – затоа што секоја фотографија зборува илјада зборови!