Декември е дефинитивно месецот во кој најмногу трошиме и купуваме, но исто така е и време на најголемите попусти, кога инвестираме во сопствената колекција. Стилиситите се согласни, дека следниве 5 парчиња се вредни да потрошите пари на нив – токму затоа што се практични и траат доживотно.
Па кои се тие парчиња во кои треба да се вложи? И кои се тие дизајнерски имиња на кои можеме да им веруваме за да ја донесеме правилната одлука? Во продолжение дознајте се за клучните парчиња……
Мантил
Добар Burberry мантил, ќе биде парчето кое ќе го извадите од гардероберот секоја година! Било да го носите со балетанки или со чизмички до глужд на пролет..мантилот е дефинитивно парче кое никогаш не излага од мода.
SAINT LAURENT // BURBERRY // MAX MARA
Дијамантски прстен
Од сите накити кои постојат, прстенот со дијамант е ултимативното парче кое никогаш нема да ви досади, секогаш ќе сакате да го носите и одважно да го покажувате – и што е најважно од се, секогаш е современ!
Класична вечерна чанта
Заради големиот избор вечерни чанти, треба да се вложи во вистинската. Добро функционираат преку ден а уште подобро навечер со вашиот црн фустан. Неверојатно мудра и паметна инвестиција.
SAINT LAURENT// JIMMY CHOO // SAINT LAURENT
LOAFERS
Сигурно знаете деа рамните чевли на Gucci, апсолутно владееја оваа година! Овој модел на чевли кој секогаш изгледа апсолутно шик, класично и елегантно, умно е да да вложите во него. Можете да одберете супер едноставен модел или пак слободно експериментирајте во изборот.
GUCCI loafers
Викторијанска кошула
Бела, vintage кошула (или фустан), во викторијански стил, никогаш не излага од мода, но морате да ги освежите останатите парчиња кои ги носите. Наша омилена комбинација е викторијанска кошула во комбинација со класични фармерки.
SELF-PORTRAIT // OSCAR DE LA RENTA // BALMAIN