Во секојдневниот живот ни треба светол, отворен и генијално организиран дом. Овој двоспратен стан во срцето на Стокхолм со типично скандинавски дизајн, може да послужи како инспирација на тие кои ги сакаат светлите урбаните простори. За овој шармантен стан со вкупно 55 метри квадратни, дизајнерот морал да внесе повеќе светло заради долгите и темни шведски зими. Под високите sидови се наоѓа дневниот простор обогатен со топли текстури како што се дрвениот под и скалите, удобниот кауч и меките теписи.
Прозорите во облик на лак, ја внесуваат сончевата светлина длабоко во станот, додека спалната соба на полукатот добива светлина од прозорите на кровот. Белите sидови ја одбиваат светлината околу себе и претставуваат контраст со модерната темна кујна која ја разбива монотонијата во современиот, атрактивен и компактен стан.