По соработката со козметичкиот бренд ColourPop, влијателната YouTube блогерка за мода и убавина, Kathleen Lights создаде сопствен бренд на лакови за нокти KL Polish. За Кетлин со сигурност можеме да кажеме дека е една од највлијателните блогерки со оглед на тоа што на нејзиниот канал на YouTube се претплатени 2,7 милиони луѓе. Во нејзините видеа, таа детално ги прикажува своите трикови за убавина. Колекцијата на лакови е нејзин долгогодишен сон кој конечно ѝ се оствари. Лаковите не содржат агресивни состојки и чинат околу 8.5 долари. Погледнете ги неодоливите есенски и зимски нијанси на бои од колекцијата.