Доколку сте во потрага на кој начин децентно да внесете боја во домот, овој шарен скандинавски стан сигурно ќе ве инспирира, со единствените украсни елементи кои можете да ги користие во својот простор. Овој четворособен стан во Linnéstaden – Gothenburg, има 114 метри квадратни, поделени во три спални соби, голема дневна соба, кујна и купатило.
Збир на убави историски детали кои внимателно се сочувани, за да го испочитуваат наследството на зградата. Зградата е изградена 1908 година, станот е со високи sидови, оригинален под, врати со огледала и традиционален камин, кој станарите често го користат за време на студените шведски зими.
Како центар на станот е просторот за дневен престој, инспириран со ведрина во кој бојата е главниот актер. Бојата се прелева по перничињата, сликите и материјалот на мебелот. Лустерот додатно ја зачинува одличната атмосфера, а нам посебно ни се допаѓа малиот балкон со ковано железо и совршениот поглед на Kastellgatan.