Elie Saab за својата Pre-Fall 2017 колекција, инспирацијата ја најде во трендовите од 80-тите години. Трапез ногавиците и луксузните плишани материјали со кристален вез, се само дел од деталите кои ја красат оваа фантастична линија! По се изгледа богатството и раскошот се новиот клуч на сезоната!
Saab се фокусирал на облици во форма на срце и тантела која доаѓа во палета на боите – зелена, небеско сина и црна. Во оваа колкекција се наоѓаат и модели за дневна но и вечерна линија. Со други зборови, има се, од кожни јакни до свечени фустани и пантолони од плиш.