Додека бил дете, Simon Forgács го фасцинирале тест картите со шарените геометриски тела кои имавме прилика да ги гледаме на малите екрани. Но додека бил млад, не разбирал зошто служат (за прилагодување на телевизиските сигнали на сликата пред самото емитирање). Таа слика нему му изгледала како некој сложен мотор, за подоцна да се инспирира и да направи серија на Mono Lamp. Му било потребно повеќе од година дена за да ја најде правата рамнотежа помеѓу создававње на прототип, квалитет на производство, цена и стабилност.
Mono Лампата е направена во Италија, а достапна е во две бои. Со база од дрво и алуминиум – светлото е со топли и ладни тонови, зависно од површината.