Музичкиот продуцент Will.i.am повторно се обиде во светот на дизајнот, сега со пар на безжичани слушалки, инспирирани од обликот на грамафонските плочи. Овие слушалки Will.i.am + Buttons, се со магнетни метални дискови кои кога не се во употреба, се формираат во ланче.
” Знаете, сите ние сакаме да купиме чевли и торби, но од некоја причина не очекуваме нашата технологија да одговара со нашата облека”, изјави Will.i.am за New York Times. Заштитни лица на овие слушалки се Kendall Jenner и Naomi Campbell.
Цената на слушалките е 229,95 долари.