Кучињата ги обожуваме, но дали навистина сакаме да потрошиме 3650 долари на куќичка за куче? Повеќето луѓе не сакаат, но ние најдовме една луксузна и скапа куќа за кучиња, погледнете!
MDK9 Dog Haus е еден пример на луксузна куќа за кучиња која чини 3650 долари. Накратко, дизајнерот го третира кучето како клиент и се обидува да ги користи техниките и материјалите кои се користат во денешните модерни домови, како би ја направил својата верзија на куќичката за кучето.
Резултатот е архитектонски добро осмислена и изградена од бразилска тиковина куќичка, со пластифициран челик и бетон. Сем тоа, куќичката има прилагодлива перница од мемориска пена и плочка со името на кучето од алуминиум. Претерано или идеално?!