Bella Hadid најубаво го отвори новогодишниот календар на LOVE магазинот! Овој 20-годишен супер модел, позираше во фитнес облека инспирирана од 80-тите години. Снимаше и кратко видео во кој таа танцува на ‘Call on Me’ на Eric Prydz, додека ги носи шарените трикоа и ракавици.
Ако ова не е доволна фитнес инспирација, тогаш навистина не знаеме… Зашто Bella навистина изгледа секси додека вежба и тренира, но никако не значи дека го оставила настрана гламурот и сексепилот. Прекрасната темнокоса ја красат и сјајните обетки и шминката, во типичните бои на 80-тите.