Празниците кои ни се приближуваат со брзина на светлоста, оваа година ни носат некои одлични вести со себе. Иако знаеме дека црвеното вино изобилува со предности за нашето здравје, сега дознаваме дека и неговиот роднина шампањот, има некои добри страни врзани за нашето здравје.
Британскиот универзитет во Reading, докажал дека шампањот е добар за нашето срце. “Нашите истражувања покажале дека, консумирањето околу 2 чаши шамапањ неделно, може да има позитивни ефекти на крвните жили” – изјавил доктор Jeremy Spencer. Треба да се потенцира дека сите студии укажуваат на тоа, дека предноста на алкохолот настанува при умерена консумација на алкохолот во целина. Harvard, неодамна објави извештај во кој се истакнува дека постојат повеќе од 100 перспективни студии, кои ја сугерираат позитивната поврзаност помеѓу умереното консумирање на алкохол и смалување на можности од срцев удар, мозочен удар и смртта од сите кардиоваскуларни причини од 25 до 40 насто.
Еве неколку здравствени предности, заради кои помалку ќе се чувствувате криви за време на празниците.
Алкохолот помага во борбата против настинката
Истражувањето објавено во часописот American Journal of Epidemiology, открило дека пиењето од 8 до 14 чаши црвено вино неделно е во корелација со намлениот ризик од развој на настинката дури за 60%. Истражувањето го припишува овој факт со антиоксидантските својства на црното вино.
Алкохоло може да го продолжи животниот век
Curtis Ellison, професор по медицина и јавно здравство на Универзитетот во Бостон, тврди – “научните податоци многу јасно упатуваат на тоа дека еден од најдобрите предиктори на долговечноста е умереното пиење”. Тој истотака тврди, дека во сите епидемиолошки студии, учесниците кои консумирале алкохол во умерени количини, живеат подолго од тие кои воопшто не пијат.