Работа – Ја запоставувате сопствената кариера заради кариерата на партнерот, но сега тоа мора да се смени. Не можете да седите со скрстени раце.
Љубов – Партнерот ве разбира и ќе ви даде подршка, било што да одлучите.
Здравје – Добро се чувствувате.
БИК
Работа – Работата како да не ви е примарна оваа недела. Хедонизмот е актуелен и привлечен. Внимавајте, некој може да ве клевети за мрзливост.
Љубов – На љубовниот план се уште ништо интересно не се случува, но вие морате повеќе да се појавувате во друштво.
БЛИЗНАЦИ
Работа – Нова работа, нови задачи, нови предизвици. Ова е недела на прилагодување во новата работна средина, што не ви паѓа лесно, но се трудите тоа да не го покажувате.
Љубов – Без разлика на малата одвоеност со личноста која ви се допаѓа, љубовта ви цвета и оваа недела.
Здравје – Повеќе вежбајте.
РАК
Работа – Карактерот го смиривте за да се прилагодите на колективот. Нема да ги трпите оговарањата, но за сега, мирната атмосфера ви е најважна.
Љубов – И понатаму се трудите се да изгледа добро, но понекогаш се прашувате до кога ќе оди така.
Здравје – Повеќе пешачете.
ЛАВ
Работа – Ви недостасуваат предизвиците кои порано ги имавте. Не можете да го игнорирате вашиот натпреварувачки дух и желба за напредување, а тоа сега никако не можете да го реализирате.
Љубов – Уживате во односот со партнерот. Љубомората ви прави проблем, но вие и тоа ќе го надминете.
Здравје – Добро се чувствувате.
ДЕВИЦА
Работа – Сакате совршена работа, а совршенството не постои. Иако вашиот знак секогаш се стреми кон совршенство, овој пат греши затоа што ќе ги испушти дадените можности.
Љубов – Со љубовта добро ви оди оваа недела. Пријатни ви се заедничките активности и тие мали ситници кои живот значат.
Здравје – Намалете ги оброците.
ВАГА
Работа – Вашата неодлучност ве кочи – имате одлични планови за приватен бизнис а вие стоите во место. Одлучете се веќе еднаш, работата не смее да трпи. Кој не ризикува, тој не добива.
Љубов – Во вашиот живот влегува една личност која ќе ве заинтригира и ќе ја разбуди во вас вербата во љубовта.
Здравје – Добро се чувствувате.
ШКОРПИЈА
Работа – Не ги одбивајте деловните понуди, може да ви се врати лошо. Имате впечаток дека немате доволно пари, а не размислувате за вашето слободно време и за уживање во животот.
Љубов – Веќе подолго време сте сами, но никако осамени. Сакате да се забавувате, само што сега заради работата имате помалку време за тоа.
Здравје – Престојувајте повеќе време на свеж воздух.
СТРЕЛЕЦ
Работа – Некој на работа максимално ве нервира, а вие тоа не можете, заради вашата природа, да му простите. Нерешените ситуации можат да бидат лоши за добриот колектив.
Љубов – Конечно голема промена на љубовен план. Ова ќе промени многу работи во вашиот живот.
Здравје – Добро.
ЈАРЕЦ
Работа – Финансиската ситуација е полоша отколку се надевавте. Ќе дадете се од себе за повторно да вложите во време и пари и да го вратите поранешниот успех.
Здравје – Неосница.
ВОДОЛИЈА
Работа – Вашата сила ќе дојде до израз оваа недела. Како предводник на работниот план, немате ни малку лесна задача. Големата одговорност доаѓа со високата позиција на која сте.
Љубов – Вашата врска има мали осцилации и недоразбирања, но сето тоа брзо ќе се реши кон крајот на неделата и тоа со разговор.
Здравје – Чувствувате замор.
РИБИ
Работа – Долго време не сте биле под ваков притисок на работа. Од вас, како премногу да се очекува. Бидете трпеливи, вашиот труд ќе се исплати и конечно ќе имате прилика да го свртите вниманието кон себе.
Љубов – Со љубовта добро ви оди, дури и подобро отколку што очекувавте. Само што се уште ги криете емоциите како змијата нозете.
Здравје – Добро ќе се чувствувате оваа недела.