Лондонската галерија Tate Britain, го одбележа доаѓањето на божиќните и новогодишни празници на помалку необичен начин – елката ја поставија со врвот надоле.
Делото е на уметницата Shirazeh Houshiary (иранска скулпторка), кое потсетува на креацијата која пред повеќе од 20 години, истотака ја направи за галеријата Tate. Делото се темели на природните карактеристики на елката – како што се текстурата, бојата, мирисот, бојата и обликот, со истакнати корени кои како да се обложени со злато.