Со поглед во далечина и минималистички дизајн, удобната планинска куќа -“Haus Wiesenhof”, наречена по своите архитекти, создадена е како место за мир и контемплација. Резиденцијата е силно поврзана со природата преку балконите и терасите на различни нивоа и заради дрвените облоги кои создаваат изглед на дрвена планинска куќа.
Вилата која служи како викендица се наоѓа во St. Johan во Tirol – Австија, а ја карактеризира рустикална едноставност и мир. Совршено место за бег од стресот и одмор.
Куќата има неколку дневни простории со модерен минималистички декор, неколку парчиња мебел кои одговараат на вкусот на сопствениците и нивните потреби. Природниот камен, дрвото и железото, се користени за дефинирање на рустикалната есетика на домот.