Старата фабрика во Лондон е редизајнирана во шарен и анимиран дом, темелно дизајниран од страна на тимот на Cloud Studios. Овој разигран и уметнички стан, нуди добри вибрации на секој чекор.
Отворениот план на домот вклучува: дневен престој, кујна и трпезарија со природно светло во изобилие, што на станот му ја дава оригиналната карактеристика. Динамиката во станот ја даваат бројните линии, кои вниманието на гледачот го упатуваат кон сите делови на енетериерот.
Станот има две спални соби и голем отворен дневен простор. Архитектонските детали создадоа индустијски впечаток со помош на бетонскиот sид, рамките на прозорите и голите цевки. Чистите линии и високите sидови, совршено се вклопуваат со светлиот под и современата кујна.