Двете сестри и дизајнерки Echo и Maggie, креираа необични пеперутка-машни со кои го освоија интернетот. Колекцијата брои 100 парчиња, но тоа што не воодушевува е дека се изработени рачно, со помош на различни техники како што се со филцирање на волна и сликање. Сестрите за 100 дена и повеќе од 1000 часови филцање на волна, ја направија оваа колекција на машни, какви до сега немаме видено.
Инспирацијата ја најдоа во цитатот на Hunter S. Thompson кој кажал: “Вредно е да се работи тоа, заради кое срцето секогаш посилно ви чука !”