Овој прекрасен стан во Тајван, го красат богати бои и врвни дизајнерски решенија и декорации. Сопственикот, млад дизајнер кој поголемиот дел од својот живот го минал во Франција, имал желба да создаде дом кој нуди безброј извори за инспирација за моден дизајн, вклучувајќи светли бои и занимливи текстури.
Трпезаријата, дневниот престој и спалната соба, обоени се во топло портокалова и смирена сива до раскошната златна – каде што секоја боја грациозно се прелева од еден во друг простор.