Во последно време изборот на производи за нега на лице е толку голем и разновиден, што тешко дека некој во целост разбира што точно значат сите ознаки на сите тие производи- крем, корективен крем, подлога, пудра итн. Денешната лекција за убавина е посветена токму на тоа, ознаките BB, CC, DD и EE на кремите за лице. Во продолжение дознајте што значат и како се користат.
BB крем
BB кремот (анг. Blemish Balm) е изум на германски дерматолог како средство за лекување на кожата по козметички третман. Формулата е усовршена во Кореја, кадешто е зголемен бројот на состојки против стареење. Кремот главно елиминира пигментациски промени, се користи како подлога за шминка, но и самостојно. Ја штити, храни и регенерира кожата.
CC крем
По успехот на BB кремот, претставен е и CC крем (анг. Complete Corrections Cream). Главни придобивки се коригирање на тенот, влажност на кожата и заштита од штетните влијанија во околината, а делува и против дисколорација.
DD крем
DD (анг. Daily Defense) настанал како комбинација на добрите состојки од BB и CC кремовите, со уште поголем ефект против стареење на кожата. Ја намалува појавата на брчки и пружа свеж и изедначен тен. Се користи како подлога, а може и самостојно.
EE крем
Првично претставен од Este Lauder, EE кремот е најнапреден од сите досега. Ја штити кожата од UV зрачење и други штетни влијанија, го намалува црвенилото и го изедначува тенот.